Tuesday, May 22, 2012

Функционирање на интернет







Интернетот е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет и е  најголема WAN мрежа во светот.





Функционирање на интернет


Секој компјутер кој е поврзан на интернет има своја адреса. Таа се вика Интернет адреса и се означува со кратенката IP. Со интернет адресата корисникот може да биде пронајден и да ги добива потребните податоци од интернет, а во исто време може да испраќа свои податоци кон други компјутери на интернет. Исто како и компјутерот, секој фајл поставен на интернет за разгледување (слика, текст, музика...) има своја адреса која се вика веб адреса или URL. 


За да се приклучиме на интернет потребно е да ги имаме инсталирано веб прилистувач. Најпознати веб прилистувачи се: 


Internet Explorer 
Safari
Mozilla Firefox
Operа 
Google Chrome







Секој корисник на интернет мора да ги знае правилата на однесување на интернет, односно мора да знае дека:


  1. Не се секогаш точни и сигурни сите веб сајтови или содржина поставени на Интернет.
  2. Не се секогаш добронамерни сите луѓе кои комуницираат на Интернет. 
  3. За сите ситуации во кои не си сигурен како да постапиш побарај советод некој на кого му веруваш и кој добро ги познава предностите, но изамките на Интернетот (родител, наставник).
  4. Не внесувај свои податоци и e-mail адреса на непознати и несигурни вебсајтови и не одговарај на непознати e-mail пораки затоа што можеш дабидеш „нападнат“ од реклами или вируси.
  5.  Ако  решиш  да  се  сретнеш  со  некого кој си го запознал на Интернет нека биде тоа на јавно место. Никогаш не можеш да знаеш што е вистина оддоговорот на Интернет. Не оди сам, веднаш оди си, јави се на телефон и  побара ј  помош  ако почувствуваш  дека  нешто  не  е  во  ред  или  нешто  не  ти  се допаѓа. 
  6. При разговор на Интернет не употребувај навредливи и непристојни зборови. 
Текстот е преземен од  учебникот за петто одделение